Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја шири својата активност и влијание во повеќе региони, со цел да ѝ нанесе „стратешки пораз“ на Русија, пренесе ТАСС.
Таа оцени дека Алијансата не делува само од запад, туку се насочува и кон југот на Русија, Далечниот Исток, како и кон азиско-пацифичкиот регион и северните области.
Според Захарова, НАТО не е заинтересиран за нормализација на односите, туку единствената цел му е ослабување на Русија. Додаде дека немало вистинска волја од страна на Алијансата за градење механизми за намалување на тензиите.








