[ВИДЕО] Традиционален рецепт во ново руво: Еве како да направите баклава со Нутела

Кармин

17/03/2026

17:02

380

Големина на фонт

а а а

Баклавата е еден од омилените традиционални десерти,а модерната кујна постојано носи нови, интересни варијации. Една од нив е и верзијата со Нутела.

Оваа верзија претставува спој на традиционалниот десерт и омилениот чоколаден намаз кој освојува уште при првиот залак. Оваа верзија на баклава носи богат, сочен и малку поинаков вкус во однос на класичната подготовка со ореви.

Кремастата Нутела му дава на десертот дополнителна блага чоколадна нота, додека крцкавите кори и слатката агда го задржуваат оној препознатлив карактер што сите го сакаме.

Потребни состојки:

- 500 гр. тенки кори
- 250 гр. путер
- 400–500 гр. Нутела
- 200 гр. мелени ореви или лешници (по желба)

За агдата (сируп):

- 500 мл. вода
- 400 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- неколку капки лимонов сок


Подготовка:

За агдата во тенџере измешајте ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Варете 10–15 минути додека не се згусне. Додадете неколку капки лимон и оставете да се олади.

Растопете го путерот. Во тепсија ставете една кора и премачкајте ја со путер. Повторувајте ја постапката со 3-4 кори. Врз тоа нанесете тенок слој Нутела (можете малку да ја загреете за да биде полесна за мачкање). Над тоа посипете ореви или лешници.

Повторно наредете 3-4 кори со путер. Повторувајте додека не го потрошите материјалот, завршувајќи со кори.

Исечете ја баклавата на ромбови или коцки. Прелијте ја со остатокот од путерот. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35 до 45 минути, додека не добие златна боја.

Жешката баклава прелијте ја со ладна агда. Оставете да отстои неколку часа (најдобро преку ноќ).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk