Израел тврди дека го ликвидирал Али Ларијани, Иран најавува негова порака

Макфакс

17/03/2026

11:26

272

Големина на фонт

а а а

Израел тврди дека во синоќешниот напад врз Техеран бил цел на напад Али Ларијани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, и дека е убиен.

Во исто време, иранските агенции Тасним и Мехр објавија дека Ларијани наскоро ќе објави порака, што ја доведува во прашање информацијата за неговата смрт.

Израелски воен извор потврдил за Би-Би-Си дека Ларијани бил цел на нападот.

Во истиот напад, според израелските тврдења, убиен е и Голам Реза Солејмани, поранешен командант на Басиж.

Израелската војска соопшти дека десетици борбени авиони извршиле напади врз Техеран, Шираз и Табриз, при што биле погодени командни центри, складишта за оружје, дронови и системи за противвоздушна одбрана.

Али Ларијани е еден од највлијателните ирански политичари, поранешен претседател на парламентот и клучна фигура во безбедносните и нуклеарните политики на земјата.