Со 1,64 промили алкохол и без положен испит: Полицијата запре возач кај Струга

Макфакс

16/03/2026

12:56

202

Големина на фонт

а а а

На 16.03.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга–Враништа, полицијата го приведе А.Х.(40) од струшкото село Лабуништа.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал.

Притоа било констатирано дека тој немал положен возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б“ категорија.

Дополнително, при извршено алкотестирање му биле констатирани 1,64 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.