Сè повеќе луѓе се трудат да остварат дополнителен приход од месечната плата, почнуваат активно да истражуваат и да се насочуваат кон нови извори на финансиски средства.
Инвестирањето во инвестициски фондови брзо станува популарна тема, а растечката еуфорија создава можности за дополнителни финансиски добивки. Кога купувате акција, вие станувате сопственик на хартија од вредност и со тоа добивате одредени финансиски права и одговорности, како и право на дел од профитот, дивиденда. Важно е да одберете доверлив партнер - инвестициски фонд со способен и визионерски тим подготвен да ги искористи новите можности во инвестицискиот свет и да ги надмине сите предизвици кои претстојат.
Во какви акции да се инвестира?
Во однос на инвестирањето во акции на компании кои развиваат алатки за вештачка интелигенција (ВИ), искусните финансиски експерти предупредуваат дека не секогаш треба да дозволиме да не понесе еуфоријата на трендови и брзорастечка вредност на тие акции. Трендот на инвестирање во финтек компании можеби звучи иновативно, но тој пазар е се уште високо ризичен за почетници инвеститори. Инвестирањето во оваа област треба да биде претпазливо, со аналитички пристап и со доза на резерви, особено поради неизвесноста и менливоста на пазарот. Сличен е пристапот и со вложувањето во криптовалути, кое е уште по ризично. Дополнително, најновите анализи укажуваат дека можеби е време, европските инвеститори да го избегнат американскиот пазар и да пренасочат дел од нивното инвестиционо портфолио на нивниот, европски пазар со цел диверзификација и намалување на ризикот од глобалните економски промени.
Кои се другите алтернативи?
Иако златото секогаш се смета за сигурна инвестиција, особено во времиња на криза, за да се обезбеди стабилен раст, треба да се комбинира со капитал што не е многу подложен на економски ризици како недвижности, државни обврзници или фондови со стабилен раст.
Без оглед на промените кои се движат на финансискиот пазар, како надежни инвеститори вашата стратегија треба да се води по две правила - инвестирање на долг рок (минимум 10 години), на тој начин ги ублажувате шоковите и кризите, и со тек на времето се надоместуваат загубите. И како второ правило, редовно инвестирање на фиксни износи, на тој начин, со редовно следење на пазарот и стабилните вложувања, добивате оптимална комбинација на раст и сигурност. Започнете со помал износ, кој постепено секогаш можете да го зголемувате во зависност од растот на платата или дополнителните месечни приходи. А, новата година е идеална прилика да ја обновите вашата финансиска стратегија и да поставите нови стандарди во управувањето со вашиот финансиски капитал.












