Прекинот на интернетот во Иран трае веќе 17 дена

Макфакс

16/03/2026

10:54

183

Големина на фонт

а а а

Прекинот на интернетот во Иран трае веќе 17-ти ден, објави организацијата за следење на интернетот NetBlocks.

„Во текот на изминатиот ден, беше забележано слабеење на клучната телекомуникациска мрежна инфраструктура. Ова дополнително ја намали достапноста на VPN-мрежите и ги исклучи некои корисници од таканаречената бела листа, како и услугите на Националната информативна мрежа“, се вели во соопштението на NetBlocks.