Викторија Бекам неодамна била фотографирана за време на сосема обично излегување во Лондон, а вниманието го привлекла со своето издание.
Како што може да се види, славната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам овојпат одлучила да облече црн струкиран фустан кој ја следи линијата на телото и ја истакнува женската фигура.

Впечатлив бил еден детаљ, односно длабокиот шлиц што ја открил нејзината видливо слаба нога и предизвикал лавина коментари на социјалните мрежи. Корисниците на Икс ја изразиле својата загриженост за поранешната членка на групата „Спајс грлс“.

„Што ѝ се случило со нозете?“, „Изгледа премногу слабо“, „Послаба е од порано“, се само дел од коментарите.

Инаку, Викторија со години се борела со нарушувања во исхраната, а во една прилика истакнала дека тие проблеми ќе ја следат до крајот на животот.







