Доврши го планираното со НЛБ потрошувачки кредит - Аплицирај онлајн веднаш или посети експозитура

Точка

13/03/2026

16:50

170

Големина на фонт

а а а

Секој од нас има барем еден план што постојано го одложува. Можеби е тоа реновирање на кујната кое веќе долго време стои на листата, нов лаптоп што може да отвори сосема нов свет на учење и креативност, или пак викенд патување кое секогаш го одложуваме со „ајде, ќе одиме следниот месец“.

Понекогаш не недостасува идеја или желба, туку само практично финансиско решение што ќе помогне твоите планови конечно да се реализираат.

Промотивно до 16 април, под слоганот „Доврши го планираното“, НЛБ Банка нуди брзо и едноставно решение за твоите планови - потрошувачки кредит до 2.000.000 денари, со фиксна каматна стапка од 5,7% за целото времетраење на кредитот и флексибилен рок на отплата до 95 месеци.


Процесот на аплицирање е едноставен и прилагоден на динамиката на современото секојдневие. За кредитот може да се аплицира во која било ескпозитура на Банката, но и целосно дигитално преку мобилната апликација мКлик, каде апликацијата за добивање на кредитот се пополнува во само неколку чекори директно од мобилниот телефон, а средствата се одобруваат за само неколку минути.

Овој тип на кредит често се користи за најразлични животни планови - од освежување на домот со нов мебел, купување на технологија од најновата генерација, поддршка за образование, па сѐ до организација на важни семејни настани и прослави, или пак кога едноставно сакате да си дозволите нешто што ќе ви го направи секојдневието поубаво.

Комерцијален текст