Ќе биде ли ова оружјето на иднината? САД работат на него уште од 2005 година, но се соочиле со низа предизвици

Точка

13/03/2026

20:47

1.004

Големина на фонт

а а а

Американската морнарица во 2025 година повторно започна со тестирање на електромагнетниот топ на полигонот во Ново Мексико.

Програмата била во мирување со години поради буџетски ограничувања и променети развојни приоритети, а новите тестови имале за цел да соберат технички податоци потребни за процена на перформансите на оружјето под контролирани услови. Тестирањето било спроведено на ракетниот полигонот „White Sands Missile Range“.

Како што објаснува „Defence Blog“, електромагнетните топови користат моќни електрични струи за да создадат магнетни полиња што ги забрзуваат проектилите од цврст метал до екстремно големи брзини. За разлика од традиционалните артилериски системи, тие лансираат ракети без употреба на хемиски погонски средства. Со оглед на тоа оружјето се потпира на кинетичката енергија генерирана од брзината за да оштети цел. При екстремни брзини, самата енергија на ударот може да биде доволна за уништување или онеспособување на цели.


Во раните 2000-ти, електромагнетните топови се сметале за потенцијално поморско оружје со долг дострел, способно да погоди цели на растојанија далеку над дострелот на конвенционалните поморски топови. Истражувањето на технологијата официјално започнало во 2005 година под Канцеларијата за поморски истражувања, која финансирала рани експериментални системи. Сепак, во текот на следните години, програмата се соочила со голем број инженерски и финансиски предизвици. Поради тоа развојот повеќепати бил паузиран или намален.

Морнарицата тестирала најмалку два прототипи во раните фази на програмата. Тестирањето во текот на тие години се фокусирало на мерење на брзината на проектилот, абењето на цевката, потребите од енергија и прецизноста. Еден од главните технички предизвици поврзани со оружјето бил брзото абење на компонентите на системот. Имено, ова се случувало поради електричната струја и интензивната топлина генерирана за време на секој истрел. Друг предизвик вклучувал генерирање и управување со големи количини електрична енергија потребни за работа на оружјето.


Иако американскиот развој бил прекинат неколку пати, други земји работеле на свои програми. Кина и Јапонија наводно спровеле експерименти со електромагнетно лансирачко оружје. Обновените напори за тестирање од страна на американската морнарица сугерираат дека службата сè уште го оценува потенцијалот на технологијата. Со оглед на сето ова, електромагнетните системи за лансирање би можеле да бидат оружјето на иднината за поморските платформи.