Тренто на македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски успеа да го добие трилер соочувањето со Венеција и со тоа воедно да избори пласман во четвртфиналето во Еврокупот.
Беше драматично, неизвесно италијанското соочување во осминафиналето, а победникот беше решен по дополнителните пет минути кои им припаднаа на гостите со 13-9 за конечни на крајот 94:90.
Херој на Тренто беше фантастичниот Џонс кој беше автор на 11 од 13 кошеви на екипата во продолжението или севкупно реализираше 38 поени со 6 асистенции.
Нашиот Јакимовски пак за 33 минути на паркетот уфрли 6 поени и собра 9 скока.
Нареден ривал на италијанскиот клуб е Бешикташ, тим кој важи за главен фаворит за трофејот во ова натпреварување.







