[ФОТО] Кајли Џенер во ултра провокативно издание: Ги истакна витките нозе во црни хулахопки, а голите гради ги прекрила со рацете

Точка

11/03/2026

19:41

725

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Кајли Џенер по повод интервјуто за „Vanity Fair“ позираше во никогаш попровокативно издание.

Во низа фотографии што ги сподели на својот Инстаграм профил, таа ги покажа скоро најинтимните делови од телото. На една од фотографиите позираше во сива наметка, при што во прв план беа нејзините витки нозе.


Освен тоа, Џенер позирала во црн градник кој ги истакнал нејзините гради, а освен тоа носела беж панталони и црни чизми.

Исто така, на неколку фотографии таа позирала во црни хулахопки, додека градите ги покрила само со рацете. Една од фотографиите се најде и на насловната страница на „Vanity Fair“.


Во новото интервју, Џенер зборуваше за својот работен ангажман и за процесот низ годините кој довел до тоа да стане една од најплатените манекенки во светот.

По учеството во филмот „The Moment“, Џенер изјави дека сака повеќе да се посвети на глума:


„Првата филмска премиера на која учествував. Навистина сум воодушевена. Чувствувам голем притисок, но сум возбудена што сум дел од овој филм. Навистина ја сакам комедијата, мислам дека сум добра во неа. Можеби во текот на следниот разговор ќе бидам и главна актерка во акционен филм“, порача таа.