Актуелната ситуација во која се инволвирани САД и Иран донесе проблеми и за ФИФА, бидејќи азиската земја треба да учествува на претстојното Светско првенство, чиј коорганизатор се токму Американците.
Претседателот Доналд Трамп досега истакнуваше дека не му е грижа за проблемот на Иранците околу учеството на мундијалот, па мораше да реагира првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Инфантино обезбедел средба со Трамп и по неа истакнал дека Иран ќе може да биде дел од СП.
– За време на дискусијата, претседателот Трамп истакна дека Иран е добредојден да учествува на првенството.
– На сите ни е потребно обединувањето меѓу луѓето кое може да го приреди само вакво светско првенство, па му благодарам на Трамп за поддршката во ваква сериозна ситуација, – истакнал Инфантино.
Иран треба да игра против Нов Зеланд и Белгија во Лос Анџелес, додека со Египет ќе се сретне во Сиетл.







