Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

Макфакс

11/03/2026

12:18

145

Големина на фонт

а а а

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Италија нема да влезе во војна против Иран, пренесе Гардијан.

Говорејќи во Сенатот, Мелони рече дека на Иран не смее да му се дозволи да дојде до нуклеарно оружје, но истовремено оцени дека американската и израелската интервенција била надвор од рамките на меѓународното право.

Таа нагласи дека Италија не е во војна и нема да влезе во конфликтот.

„Американската и израелската интервенција против иранскиот режим мора да се гледа во контекст на кризата на меѓународниот систем, во кој заканите стануваат сè поалармантни, а еднострани интервенции надвор од рамките на меѓународното право се множат“, изјави Мелони.