За да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба: Уапсен кичевец

Макфакс

05/03/2026

11:31

532

Големина на фонт

а а а

Утрово во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј.

Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба.

По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода.


Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.