Ако се гледа на ниво на годината, тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку имаме потреба во државата, појасни министерот за здравство Азир Алиу
Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ретките болести истакна дека е сменета процедурата како да се стигне до тие лекови за пациентите со ретка болест.
„За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или за жал чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза“, кажа Алиу.
Тој појасни дека вториот момент, земајќи го во предвид моментот дека пациентите се млади, а лекарствата се поврзуваат со тежината на пациентот, како и активностите и многу тешко е во таква група пациенти да се направи анализа која ќе биде точна за бројот на пациенти кои ќе ги бидат опслужени во текот на целата година.
„За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години, која во случај ако се трошат повеќе од количините кои ќе ги имаме како држава, ние да имаме време да отвориме друга постапка, а се со цел да граѓаните да ги добиваат тие лекарства на време.
Ако се гледа на ниво на годината, тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку имаме потреба во државата. Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за овие лекарства“, потенцираше Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес конференција.








