[ВИДЕО] Клоци, боксови, турканица... Нов „дуел“ на двајца возачи среде булевар во Скопје

Точка

25/02/2026

16:00

1.408

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави видео од уште едно примитивно пресметување со примена на сила меѓу нервозни возачи во скопскиот сообраќај.

На видеото се прикажани двајца тепачи-аматери кои среде сообраќај и бројните други возачи, на сред улица се тепаат, мавтаат и тегнат...

Според достапните информации оваа тепачка се случила вчеравечер на булевар во Скопје.

Се чини, во последно време ваквите тепачки зачестија во Скопје, но и на други места ширум Македонија, а истите редовно се дел од билтените на МВР, каде полицијата наведува дека физичките пресметки се случуваат „по претходно недоразбирање во сообраќајот“.

🎬 Погледнете го видеото: