Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: Во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка

Макфакс

25/02/2026

11:12

134

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.

Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.