Научници во источната кинеска провинција Џеџанг развиле генетски модифициран домат со арома на пуканки, пренесе Танјуг.
Во стакленик на истражувачки центар се одгледува домат кој изгледа сосема обично, но има изненадувачки сладок мирис и арома на пуканки со путер.
Тоа не е резултат на случајно вкрстување, туку на прецизна измена во геномот на доматот, при што се потиснати два гена одговорни за сузбивање на ароматичните соединенија.

Потоа доматот почнал да испушта карактеристичен мирис на врвен ароматичен ориз, сличен на свежи пуканки со путер, пренесе сајтот „Scmp“.
Доматот е меѓу зеленчуковите култури со најголем принос во светот, а само Кина во 2023 година произвела повеќе од 70 милиони тони, што е повеќе од една третина од глобалното производство.
Наместо да се обидат да го обноват традиционалниот вкус на доматот, тимот кинески и австралиски истражувачи се насочил кон ароматичниот ориз како инспирација.
„Луѓето сакаат ароматизиран ориз, а неговата продажна цена е повисока од цената на обичниот ориз“, изјавил претставникот на Институтот за биотехнолошки истражувања во лабораторијата Сјангху, Сју Шенгчун.






