Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“

Точка

21/02/2026

13:36

136

Големина на фонт

а а а

По 12-ти пат, Ладна го распиша детскиот ликовен конкурс за млади и креативни уметници. Овојпат темата е „Мојот необичен сон“, а главната награда е магично тридневно патување во Дизниленд, Париз.

И оваа година, конкурсот е поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; и 2) деца на возраст од 7 до 10 години.

Испратените цртежи можат да бидат во било која форма, техника и големина.

Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Оценувањето ќе се одвива во две фази. Во првата фаза стручното жири ќе ги оценува сите прикачени цртежи и ќе направи потесен избор од истите. Еден од главните критериуми на жири комисијата при оценка на цртежите ќе биде нивната автентичност, при што секој цртеж ќе се оценува согласно возраста на детето. Втората фаза на оценување ќе се одвива на локација во Скопје, а секое дете чиј цртеж влегол во втората фаза ќе мора лично да присуствува и да нацрта нов цртеж на темата. Тричлената стручна жири комисија ќе ги одбере добитниците на награди според нацртаните цртежи во втората фаза на оценување.


Наградите се резервирани за трите најдобри дела во секоја од двете категории, и тоа:

1 место – двајца добитници на патување во Дизниленд, Париз со родители/старатели

2 место – двајца добитници на годишен курс за цртање

3 место – двајца добитници на таблет за цртање

Цртежите заедно со личните податоци на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број на родителот/старателот) треба да се закачат на веб-страницата www.ladna.com.mk или да се испратат по електронски пат на e-mail адресата marketing@magroni.com.mk со наслов „За ликовен конкурс на Ladna“, или пак по пошта на адресата ул. Столтенбергова, бр. 2 Скопје, со назнака „За ликовен конкурс на Ladna“. Делата треба да бидат испратени најдоцна до 06.05.2026.

Напомена: Задолжително чувајте ги оригиналните цртежи испратени по електронски пат.

Целта на ликовниот конкурс на Ладна е да ги мотивира децата да нурнат во својата фантазија и да ја разбудат својата креативност. Цртањето претставува можност за децата да ги научат основите на уметноста и боите, притоа создавајќи светови обликувани од нивната фантазија.

Со среќа!