Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре затоплување

Макфакс

21/02/2026

09:23

258

Големина на фонт

а а а

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од минус еден до шест степени, а дневните ќе достигнат меѓу четири и 12 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири степени, додека максималната ќе достигне до десет степени.

Од утре се најавува стабилизација на времето и постепен пораст на дневните температури