Тим палеонтолози во Сахара откриле фосил од диносауруси кои јаделе риба

Точка

20/02/2026

09:46

146

Големина на фонт

а а а

Тим палеонтолози длабоко во пустината Сахара во Нигер откриле диносаурус кој јадел риба, познат како спиносаурус мирабилис, еден од најголемите месојади кои некогаш чекореле по Земјата.

Научниците го откриле фосилот на оддалечен локалитет во Џенегби во северен Нигер, пренесе Ројтерс. Пол Серено палеонтологот од Универзитетот во Чикаго и водачот на истражувањето изјавил дека напорното тридневно патување до локалитетот во срцето на пустината се исплатило со откритието на драгоцениот фосил.


„Секоја фрустрација или исцрпеност од ова долго патување веднаш исчезнаа штом пристигнавме и почнавме да откриваме нови фосили“, изјавил палеонтологот Даниел Видал од Универзитетот во Чикаго.

Тој додал дека во областа постојат големи подрачја со делови карпести зони, опкружени со дини кои на сателитските снимки изгледаат како островски архипелаг опкружен со море од дини, што довело до тоа локалитетот да го добие прекарот „архипелаг на спиносауруси“.


„Овие карпи се многу тенок и мек песочник кој е речиси како збиен песок на плажа и особено богат со фосили од 'рбетници, а особено диносауруси. Толку богати што лоциравме повеќе од стотици фосилни локалитети за помалку од две недели работа на терен“, објаснил Видал, пренесе Танјуг. Истражувачите ископале фосили од повеќе единки на спиносаурус мирабилис и остатоци од разни други диносауруси стари повеќе од 95 милиони години.