[ФОТО] Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: Три интервенции на струмичките пожарникари

Макфакс

18/02/2026

12:13

163

Големина на фонт

а а а

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции.

Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

„Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193“, апелираат струмичките пожарникари.