Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Макфакс

14/02/2026

13:32

454

Големина на фонт

а а а

17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.

СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.

Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.