Арсенал контактирал играч на Баерн во последен час од зимскиот преоден рок, операцијата ќе се дореализира во јуни

Дерби

06/02/2026

13:51

238

Големина на фонт

а а а

Арсенал се обиде да го ангажира Сандро Тонали во завршницата од зимскиот преоден рок, но пред да истече последниот час за трансфери во топ пет лигите во Европа, лидерот во Премиер лигата испрати понуда и за ѕвезда на Баерн Минхен.

Леон Горецка неколку дена претходно го одби Атлетико Мадрид и јасно стави до знаење дека сака да ја заврши сезоната со Баерн, но истото го направил и со Арсенал кој се обидел да го доведе на еден час пред завршување на зимскиот преоден рок.

Искусниот играч за врска е во последните месеци од договорот со Баерн и јасно е дека ќе стане слободен агент, па Арсенал се обидел да го добие уште сега со исплаќање на симболична отштета.

Баерн како клуб немал ништо против реализација на трансферот, но на крајот, последната одлука ја донел самиот Горецка.

Леон претпочита да ја заврши сезоната со Баерн во ситуација кога тимот е во игра за сите најважни трофеи, а потоа мирно да донесе одлука каде да ја продолжи кариерата.

Како што јавуваат германските медиуми, Премиер лигата е натпреварување кое му е приоритет број еден на Горецка, па нема да чуди ако направи трансфер во Арсенал како слободен агент уште во месец јуни.