Кевин Дурант одново имаше импресивни бројки зад своето име и запиша 31 поен како лидер на Хјустон, но тоа не беше доволно за да се оствари победа над Шарлот.
Хорнетси остварија победа од 99:109 на гостувањето и врзаа осми триумф во низа, серија со која само потврдија дека навистина растат во последните 30-тина дена.
Инспирацијата на Дурант не беше доволно за да се запрат повеќе расположени играчи на Шарлот, а вреди да се истакне дека Кеј-Ди не доби речиси никаква поддршка од Алперен Шенгун.
Турскиот кошаркар беше далеку под нивото и постигна само 7 поени, но успеа да го изнервира и Дурант со незаинтересираната игра во одбрана.
– Играј малку одбрана….., – гласно му довикна Дурант на „бејби Јокиќ“.
Kevin Durant gets frustrated at Sengun's defense pic.twitter.com/cVBSEdmA66
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) February 6, 2026








