[ВИДЕО] Снимката од теретана ги „вжешти“ мрежите: Опра Винфри го прославила 72-от роденден послаба од кога било

Кармин

05/02/2026

18:10

334

Големина на фонт

а а а

Славната водителка Опра Винфри неодамна го прославила 72-от роденден со тренинг во теретана и тоа по примерот на Адел.

Опра во снимката призна дека ни не знаела што е мртво кревање (deadlift), сè додека не разговарала со Адел.

„Не знаев што е мртво кревање. Се сеќавам дека Адел ми кажа дека ја прави таа вежба, а јас се преправав дека знам за што зборува. Сега успеав“, рече Опра во снимката од теретана.


Таа неодамна целосно го трансформирала својот изглед, а за тоа отворено проговорила и признала дека користела инјекции за слабеење.

„Животот на 72 години изгледа поинаку отколку порано. Пред две години, по операцијата на коленото, решив да воведам тренинг за сила, затоа што сите мораме да ги чуваме мускулите додека старееме. Не можам да кажам дека сум подготвена за Олимписките игри како Адел, но дефинитивно се чувствувам посилно. Затоа, во чест на уште еден роденден, пробајте нешто ново“, додаде Опра.


Таа секогаш ја истакнувала својата долгогодишна борба со килограмите и открила дека повеќе не ѝ е срам од ништо, додека на сите негативни коментари воопшто не се осврнува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk