Протест за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати на Македонија во овие моменти се одржува во Скопје.
Започна од пред Работничкиот дом.
Учесниците на протестот го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, а барањата се минималната плата да се искачи на 600 евра.
Со извици „Уааа“, „Лопови“ и слично, присутните најпрво беа пред Собранието, по што се упатија кон Владата.
„Ќе следуваат блокади, ќе следува генерален штрајк и ќе следува тоа што вас најмногу ќе ве боли“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Тој порачувајќи дека ќе соберат 10 илјади потписи со кои ќе станат овластен предлагач и ќе бараат за 80 отсто да се намалат платите на функционерите и да се зголеми минималната плата на 600 евра и за најмалку 6.000 денари да другите плати.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз“, рече Трендафилов.
„Нема да се откажеме, нема да дозволиме да си играте со работничката судбина, со работничката мака и со работничката пот од чии даноци земате плата. Ако не ја зголемите минималната плата и другите плати, доаѓаме по вашите плати“, изјави Трендафилов.








