[ВИДЕО] По срамниот настап во Собранието: Џихан Ахмед која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Макфакс

28/01/2026

11:56

1.969

Големина на фонт

а а а

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во Собранието предизвика бурни реакции и остри критики од јавноста.

Ахмед испратила известување до Собранието дека ја повлекува кандидатурата.

На прашање од претставници на граѓанските организации во Собранието, таа не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција која е клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.

Ахмед зборуваше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк и мислеше дека е прашана за тоа каква е состојбата денеска во Истанбул.

Ахмед дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан први“, а магистрирала на Европскиот универзитет.