Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: Кривична против управител на приватна фирма од Новаци

Макфакс

23/01/2026

17:45

294

Големина на фонт

а а а

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.

Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.