Скопјанец претепан пред влезот од домот: Претходно добивал закани од таткото на вереницата

Макфакс

23/01/2026

14:54

275

Големина на фонт

а а а

Утрово во 00:05 часот во СВР Скопје, Б.И.(18) од Скопје пријавил дека пред влезот на неговиот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, неколку лица физички го нападнале.

Според пријавеното, тој се сомнева дека нападот е извршен поради нарушени односи со неговата вереница и дека неколку пати добивал пораки со закани од нејзиниот татко.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.