Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за неговиот говор во Давос, во кој, како што велат од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската влада и него лично“.
Сепак, како што истакна Орбан во својата објава на мрежата Икс, Зеленски го критикуваше и „секој друг европски лидер“. „Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволно и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме на одговорот од Брисел. Синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентираше патоказ за развој на Украина. Во него, Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзан пристап во ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година“, рече Орбан.
Yesterday in Davos, President @ZelenskyyUa crossed a line.
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 23, 2026
There is nothing new in the fact that, as elections approach in Hungary, he once again placed the Hungarian government, and me personally, in his sights. What was surprising, however, was that in his speech he also…
Тој рече дека Зеленски „сè погрешил“, но дека Брисел е „подготвен да плати“.
„И ќе кажеме неколку зборови за тоа. Доаѓа национална петиција, со која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да плаќаме“, заклучи Орбан, пренесува Танјуг.

Во своето вчерашно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски, меѓу другото, ги илустрираше своите ставови споредувајќи го со филмот „Денот на мрмотот“, велејќи дека Европа, како херојот од филмот, „ги повторува истите зборови“ без промена во дејствувањето, и покрај изминатата година и повторените апели дека „Европа знае како да се брани“.












