„Речиси половина од сметката за енергија оди за греење, ладење и апарати за домаќинство. Ние нудиме практични трикови што можат значително да ја намалат потрошувачката.“
1. Исклучете ги фантомските потрошувачи, неактивните уреди трошат енергија, а продолжниот кабел со прекинувач го олеснува исклучувањето на повеќе уреди одеднаш.

2. LED осветлување, со модерните LED светилки можете да ја намалите потрошувачката до 90%, а светлината трае подолго.
3. Оптимална температура, 20°C преку ден и 18°C ноќе - секој степен понизок заштедува енергија.
4. Паметно користење на кујнските апарати, фрижидер подалеку од извори на топлина, капаци на садовите додека готвите, користење на машина за перење на пониски температури и полна.
5. Ефикасен бојлер и изолација, чистење од бигор, температура до 60°C, греење ноќе, висококвалитетна изолација и енергетски ефикасни прозорци ги намалуваат сметките на долгорочно.

Со овие трикови, сметката за струја може да биде значително помала, а домот поудобен и енергетски поефикасен!








