[ВИДЕО] Сопственик се обидува да спречи куче да скокне во базен: Станаа вирални на ТикТок

Точка

22/01/2026

11:45

718

Големина на фонт

а а а

Видео од златниот ретривер Бауер како упорно бега за да скокне во базен стана хит на ТикТок, собирајќи милиони прегледи. Видеото го прикажува сопственикот како се обидува да го држи подалеку од водата, додека дополнителен хаос создава друг ретривер, Маверик, кој зграпчува пешкир и го тегне, пишува „PetHelpful“.

Снимката започнува со сопственикот како го држи Бауер покрај базенот, со натпис: „Се обидувам да го извадам моето куче златен ретривер од базенот“. Но, Бауер се ослободил, истрчал кон базенот и скокнал во водата. Потоа сопственикот ги кренал рацете во воздух и рекол: „Повторно од почеток“. И тука започнуваат неуспешните обиди да го држи Бауер на суво.

Хаос со пешкирот

На следниот кадар, мокар Бауер трчал околу базенот, а неговиот сопственик го следи. „Не се враќај во базенот“, му рекол тој додека го кревал. „Доста е со пливање. Три часа си во базенот“. Потоа го спуштил и му рекол да почека додека да земе пешкир – но Бауер, се разбира, не го послушал и веднаш скокнал назад во водата.


Другиот златен ретривер, Маверик, првично се однесувал како да ќе помогне. Но, набрзо потоа го зел пешкирот наменет за Бауер да се исуши и го влечел кон себе. „Не го кини пешкирот!“ му рекол сопственикот. Во меѓувреме, Бауер трчал околу базенот со празен сад за храна во устата.

Сопственикот конечно успеал да го фати и почнал да го суши, но Бауер повторно избегал и скокнал назад во базенот. Потоа Маверик повторно се вклучил и конечно успеал да го искине пешкирот. На крајот од снимката, Бауер завршува во водата, а неговиот сопственик ги крева рацете и го остава да прави што сака.