[ВИДЕО] Милан се преселил во Шведска, а потоа останал шокиран од нивниот здравствен систем: „Не дај Боже да ви затреба доктор“

Точка

22/01/2026

11:31

1.167

Големина на фонт

а а а

Шведска со години се смета за една од најпосакуваните земји за живот, меѓутоа, како и насекаде, доселениците од Балканот наоѓаат и помалку светли точки. Така, Милан, Србин кој живее и работи во Шведска, се пожалил на здравствениот систем споделувајќи го своето искуство.

Милан на својот ТикТок профил остро го критикувал шведското здравство, наведувајќи дека многумина се разочарани од неговата бавност.

„Во Шведска здравствениот систем е прилично лош. Можеби звучи чудно, но тоа е реалноста – од различни причини многумина се разочаруваат“, го започнал новото видео. Како што вели, „сè функционира многу бавно и за повеќето дијагнози лекот е – Алвадон (локална верзија на парацетамол)“.

„Се чека, и ако не си доволно упорен, лесно те прескокнуваат“, објаснил тој, а потоа споделил и една анегдота од ординацијата.

„Јас отидов кај доктор и поминав кај него од седум до десет минути. За тоа време знаев од каде е, колку деца има, колку внучиња и колку му останува до пензија. Балканец, не е важно од каде е, ми рече: ‘Да не те гледам џабе’, и ми даде знаете што? Алвадон“, раскажал тој.

Сепак, и покрај критиките на сметка на лекарите и системот, признал дека болниците се врвно опремени.



Стандардот во болниците, секако, е на завидно ниво – чисто е, уредно и не е депресивно, но системот како систем и докторите – секогаш ист одговор. Не дај боже да ти затреба.

Неговата објава брзо ја подели јавноста. Додека многумина ги потврдија неговите зборови, други застанаа во одбрана на Шведска, сметајќи ја и понатаму за една од најдобрите во Европа.

„Жива вистина, само го препорачуваат тој Алведон, кој досега веројатно заслужил и Нобелова награда“; „Слично ѝ се случи и на мојата мајка. Падна на мраз, ѝ рекоа само да мирува и да пие таблети против болки без никаква дијагностика. Се врати во Србија во болки, веднаш ја снимија и открија дека има скршено четири пршлени“, се дел од коментарите.

Од друга страна, имало и такви кои сметаат дека нашите луѓе едноставно се премногу захтевни: „За што зборувате? Тоа е еден од најдобрите системи во Европа. Проблемот е што нашите луѓе одат на лекар за секоја ситница. Штом некој кивне, бара антибиотик, а шведските лекари логично велат: парацетамол, многу вода и одмор“.