[ФОТО] Антониа Гиговска повторно кажа „да“, сопругот ја запроси по вторпат: Изненадување среде гламурозната роденденска забава

Точка

22/01/2026

12:00

1.630

Големина на фонт

а а а

Една од најперспективните и најпопуларни пејачки на македонската јавна сцена, Антониа Гиговска, вчера го прослави својот 25 роденден во друштво на сопругот и нејзините најблиски во скопски локал.

На гламурозната прослава на пејачката имало и „дрес код“, па така сите гости биле облечени во бело. Антониа блескала во беспрекорниот бел фустан, па уште еднаш покажа колкав е нејзиниот вкус за мода.


Таа имала и тематска декорација во тегет боја со многу свеќи, цвеќиња и балони, а во иста боја била и роденденската торта.

Вистинското изненадување на вечерта било тоа што нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски ја запросил по втор пат, па на раката на пејачката блеснал голем прстен.

За потсетување, Роберт ја запроси Антониа во 2023 година, а истата година парот го доби и нивниот син Киан.


Роденденот на пејачката поминал во одлична атмосфера со оглед на фотографиите објавени на социјалните мрежи, а младата Антониа цела ноќ пеела и танцувала со огромна насмевка на лицето која е симбол на нејзината среќа и задоволство од животот.

На пејачката ѝ посакуваме среќен роденден и цел живот да го слави со оние кои најмногу ѝ значат во животот и кои истиот ѝ го прават поубав.

Среќен роденден Антониа Гиговска!