Пукање во Австралија: Тројца мртви, еден ранет, убиецот е во бегство

Макфакс

22/01/2026

09:56

242

Големина на фонт

а а а

Три лица се убиени, а едно е повредено во пукање во Нов Јужен Велс, Австралија, соопшти полицијата, пренесе ABC News.

Во полициското соопштение се вели дека службите за итни случаи биле повикани на адреса во градот Лејк Каргелиго по пријави за пукотница. Три лица – две жени и еден маж – биле пронајдени мртви на местото на настанот.

Друг маж е однесен во болница во сериозна, но стабилна состојба.

Вооружениот напаѓач е сè уште на слобода, а полицијата распоредила вооружени полицајци на местото на настанот. Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа, а локалните жители да останат во затворен простор.

„Сиднеј Морнинг Хералд“ објави дека постои сомневање дека нападот е поврзан со семејно насилство.