Ни Меланија Трамп ни Брижит Макрон: Главната ѕвезда во Давос е жена која никој не ја очекуваше, а одржа модна лекција

Кармин

21/01/2026

20:46

631

Големина на фонт

а а а

Кога се појави во издание од глава до пети потпишано од „Jacquemus“, популарната пејачка нè натера да заборавиме дека годинава во Давос нема многу први дами...

Секоја година во Давос, на истокот од Швајцарија, се одржува годишниот состанок на Светскиот економски форум, кој ги обединува водечките деловни луѓе, интелектуалци, политичари и новинари.


Додека се расправа за актуелните светски проблеми и се презентираат резултати од истражувања, на медиумите секогаш им е интересна и придружбата на најмоќните луѓе во светот, а годинава тоа не се ниту првите дами Меланија Трамп и Брижит Макрон, туку поп-сензацијата Кети Пери.

Американската пејачка изненади со доаѓањето во Давос, каде што пристигна за да го бодри своето момче Џастин Трудо, поранешен премиер на Канада.

За неговиот говор, во кој Трудо се осврна на моментално најголемите геополитички прашања, Кети Пери подготви шик стајлинг кој го спојува нејзиниот препознатлив, ефектен стил и одмерениот изглед што се очекува во вакви пригоди.

Пејачката пред фоторепортерите се појави во комплет потпишан од „Jacquemus“, кардиган „Le Gilet Doppio“ и здолниште под колена. Станува збор за луксузни парчиња од мерино волна, а иако нејзиниот аутфит е неутрален, се издвојува по пуф-ракавите.


Со тоа искомбинирала и впечатливи обетки од жолто злато и сребро, дизајнирани во стилот на 80-тите, кои исто така се дело на споменатата модна куќа и одлично се вклопија со нејзината елегантна, ниска пунџа.

Зад очилата за сонце на Кети стои исто така „Jacquemus“, а аксесоарот од 227 евра настанал во колаборација на францускиот бренд со куќата „Linda Farrow“ и се издвојува по шарите налик на желка на ретро рамка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk