Плата спроти трошоци: Секој четврти граѓанин на оваа европска земја е во „минус“ пред половина на месецот

Точка

16/01/2026

19:28

864

Големина на фонт

а а а

Според најновата студија на веб-страницата за споредба на осигурување „LesFurets“, 24 отсто од Французите речиси секој месец имаат надминување на тековната сметка, во просек до 18-от ден во месецот.

Минатите години, денот на просечното надминување бил 16-от по ред од почеток на месецот, што укажува на благо подобрување на финансиската ситуација или подобро управување со личниот буџет, пренесува „BFM“.


Како што се наведува, најзагрозени се младите и станарите.

Меѓу лицата од 25 до 34 години старост, 42 отсто редовно се соочуваат со надминување, додека пак кај старосната група меѓу 18 и 24 години, надминувањето се појавува порано – веќе околу 14 ден во месецот.

Станарите бележат стапка од надминување од 34 отсто дел поради фиксни трошоци, како што е и киријата.

„LesFurets“ истакнува дека дел од трошоците, како осигурување на возилата, куќите, здравственото осигурување, енергијата и интернетот, може да се намалат и со раскинување на договор по истекот од минималниот период.

Со тоа потрошувачите можат да заштедат стотина евра годишно до 396 евра на авто-осигурувањето и до 480 евра на осигурување на домовите.


Овие бројки покажуваат дека иако денот на надминување е поместен кон крајот на месецот, бројот на Французи кои се соочуваат со редовен минус расте, од 22 отсто минатата година на 24 отсто годинава.