Астронаутот Кимија Јуи од Јапонската агенција за вселенски истражувања објави спектакуларна снимка на поларната светлина, снимена од Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесува „Индепендент“.
Во видеото, кое Јуи го сподели во неделата, се гледа феноменален спој на розови, тиркизни и виолетови нијанси кои танцуваат над Земјата. Овие сцени создадоа уникатно искуство за астронаутите, но и за сите кои имаа можност да ја видат снимката.
Јуи, кој ќе ја напушти ISS поради медицински проблем на еден од астронаутите, изјавил:
„Бев среќен што успеав да ја снимам, но уште повеќе се радував, замислувајќи го задоволството на сите кои ќе го видат видеото. Сончевите зраци сигурно се потрудија, бидејќи успеав да уловам многу убаво поларно светло.“
Снимката е направена само неколку дена пред планираниот завршеток на мисијата. Заедничката мисија на НАСА и Спејс Икс (SpaceX) ќе заврши предвреме поради медицинскиот проблем.







