Бен Афлек открил родителско правило од кое тој и Џенифер Гарнер не отстапуваат никогаш: „Не би сакал да го потрошат животот на тоа“

Кармин

15/01/2026

16:07

318

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Бен Афлек со поранешната сопруга Џенифер Гарнер имаат три деца: Вајолет, Серафина и Семјуел. Кога станува збор за нивното воспитување, поранешните сопружници заедно ги одгледуваат и ги почитуваат правилата кои ги поставиле.

Неодамна беше промовиран новиот филм „The Rip“, а за разлика од својот колега Мет Дејмон којшто прошетал на црвениот тепих со сопругата Лусијана и сите четири ќерки, Бен позирал сам.


Во таа прилика тој споделил и важно родителско правило кое неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и тој го имаат поставено.

Ѕвездата на филмовите „Argo“ и „Gone Girl“ со поранешната сопруга има три деца: Вајолет, Серафина и Семјуел, а неодамна открил дека и двајцата се согласиле да не ги насочуваат своите деца кон кариерата на екраните.

„Кога сте јавна личност, постојано нешто им наметнувате на своите деца и тоа е комплицирано. Навистина сакаме да им дадеме простор сами да сфатат со што сакаат да се занимаваат“, изјавил тој за „E!News“.

Исто така Бен открил дека попрво би сакал нивните деца да не тргнат по нивните стапки во Холивуд.

„Не би ги насочувал кон тоа. Тие се брилијантни, прекрасни, ги сакаме и горди сме на нив. И се надевам дека нема да го потрошат животот глумејќи“.

Актерот исто така говорел за растењето надвор од рефлекторите.


„На некој начин, тоа беше благослов за анонимност, за борба, за место каде почнавме, а тоа беше среде ништо“.

Овие негови коментари за родителството доаѓаат набрзо откако неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер коментирала дека било пoтребно време поранешните сопружници да дојдат до пријателски однос и заедничко родителство кое го имаат денес.

Таа за „Marie Claire“ споделила искрени размислувања за „губењето на вистинското партнерство и пријателство“ кога одлучиле да се разведат.

Меѓутоа, Гарнер открила и дека била пријатно изненадена што со текот на времето успеале да го поправат својот однос, велејќи за медиумите дека е благодарна што сега заеднички ги воспитуваат децата во мир и во слога за која не знаела дека некогаш ќе ги вратат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk