Во вторник на територијата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец.
Утринските температури се движат од минус 12 степени до минус 3, додека највисокит во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 7 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со повремени сончеви интервали, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 3 степени.
Следните денови, до крајот на седмицата, ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека дневните температури ќе бидат во благ пораст.








