Домашната пилешка супа е совршен избор за зимата. Не станува збор само за вкусен оброк кој убаво заситува и грее, туку и е полна со нутриенти кои прават чуда за здравјето.
Нашите стари велеле дека пилешката супа е лек за бројни болести. Таа содржи бројни витамини и минерали, го хидрира телото, ги надополнува електролитите изгубени со потење, ги ублажува воспалителните процеси во телото, го олеснува дишењето и позитивно делува врз човечкиот организам.
Денес ви носиме рецепт за пилешка супа збогатена со неколку дополнителни состојки – свежа пиперка полна со витамин Ц, брокула, но и малку варен грав кој ѝ додава потребна доза диетални влакна.

Пилешка супа со брокула и грав – состојки:
• 3-4 пилешки гради;
• 3-4 стапки целер;
• 2 л пилешки бујон;
• 2 големи моркови;
• 1 помала глава брокула;
• 1 голем кромид;
• 1 пиперка;
• 1 конзерва бел грав;
• ½ кафена лажичка меленa куркума;
• растително масло;
• сол и бибер по вкус.

Пилешка супа со брокула и грав – подготовка:
1. Во голем сад загрејте малку растително масло и испржете ги пилешките гради – околу три до четири минути од секоја страна додека не добијат убава златно-кафена боја. Извадете ги од садот.
2. На останатата маснотија пропржете сечкан кромид, целер, морков и црвена пиперка. Похранете го зеленчукот на тивка температура околу пет минути.
3. Долете го пилешкиот бујон, зачинете со куркума, сол и бибер. Додадете го и исцедениот варен грав од конзервата. Кога супата ќе зоврие, вратете го во садот сечканото пилешко и цветови брокула, па гответе уште 20-25 минути.
4. Послужете топло.
Добар апетит!








