Изненадувачка вест: Јанг ја доживеа судбината на Дончиќ во Атланта

Дерби

08/01/2026

11:49

374

Големина на фонт

а а а

Една година по сензационалниот трејд на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, рано утрово пристигна информација за уште еден изненадувачки трејд во јануари, и тоа на играчот кој истовремено беше промовиран во НБА лигата со словенечката ѕвезда.

Тре Јанг ја доживеа судбината на Лука 12 месеци подоцна, откако рано утрово стана јасно дека Аталанта и дефинитивно се откажува од својот најдобар играч и лидерот на проектот во изминатите седум ипол години.

Хокси решија да го трејдуваат Јанг кој имаше доста физички проблеми од стартот на сезоната, но со оглед на важноста која ја имаше за тимот, оваа вест пристигна како големо изненадување за цела јавност во Америка.

Уште поголемо изненадување е срединта во која се сели Јанг, бидејќи станува збор за еден од најлошите тимови од стартот на сезоната, екипата на Вашингтон.

Визардси се претпоследни на Источната конференција, па сега останува да се види дали тоа ќе се промени со Јанг во тимот.

Во спротивна насока одат двајца досегашни играчи на Вашингтон, а тоа се Кори Кисперт и Си-Џеј МекКалум.