[ВИДЕО] Министер: 100 луѓе беа убиени во американскиот напад врз Венецуела, повеќето ладнокрвно

Макфакс

08/01/2026

07:52

2.919

Големина на фонт

а а а

Во американскиот напад во кој беше соборен претседателот Николас Мадуро во саботата загинаа 100 лица, изјави синоќа венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо. Каракас претходно не објави бројка на жртви, но војската објави список од 23 свои жртви.

„Голем дел од безбедносните сили на Мадуро беа убиени ладнокрвно“

Венецуелските власти изјавија дека голем дел од безбедносниот контингент на Мадуро беше убиен „ладнокрвно“, а Кубанците тврдат дека 32 припадници на нивните воени и разузнавачки служби во Венецуела исто така биле убиени.

Сопругата на Мадуро, Силија Флорес, која беше приведена со него, претрпе повреда на главата за време на американската операција за апсење на венецуелскиот претседател, а Мадуро ја повреди ногата, рече Кабељо.

Привремената венецуелска претседателка Делси Родригез, која Кабељо ја пофали како храбра за време на неговата неделна емисија на државната телевизија, вчера прогласи недела жалост за припадниците на војската убиени во нападот,