Синот нa Мадуро во парламентот: Америка го киднапираше мојот татко и претседателот на Венецуела

Макфакс

05/01/2026

21:37

1.063

Големина на фонт

а а а

Синот на соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро се обрати пред националното собрание и побара ослободување на неговиот татко.

Николас Мадуро Гера го нарече својот татко „претседател Мадуро“, а неговиот говор беше дочекан со силен аплауз од пратениците.

Синот на Мадуро рече дека Америка ги киднапирала неговиот татко и првата дама на Венецуела, Силија Флорес.

Пратениците повторија дека извршната потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен претседател и се очекува наскоро да положи заклетва.