Гонзало Гарсија ја одбележа убедливата победа на Реал Мадрид против Бетис со резултат 5:1, од едноставна причина што младиот напаѓач постигна перфектен хет-трик на кој не остана никој рамнодушен.
Гол-шоуто го започна со гол со глава, потоа стрелаше со својата десна нога, а вечерта ја затвори со „штикла“ со левата нога и стави крај на една вечер која никогаш нема да ја заборави.
Гарсија покажа завидни голгетерски квалитети и целосно направи да се заборави отсутвото на Килијан Мбапе, ѕвезда која од трибините го гледаше изданието на својот помлад колега.
Мбапе не го криеше задоволството од партијата на неговите колеги, но во фокусот се најде неговата реакција по најубавиот момент на мечот.
Гарсија постигна спектакуларен гол со волеј кој самиот си го намести, а Мбапе на трибините не го криеше воодушевувањето и коментираше каква мајсторија изведе Гонзало.
Mbappé celebrating Gonzalo’s goal.
— 10 (@Kylian) January 4, 2026
He was happy for him but they’ll tell you he was jealous. 😂pic.twitter.com/gDfGLxIuEG





