Во последните неколку години стана пракса да гледаме тинејџери кои ја воодушевуваат и покоруваат Европа со своите фудбалски квалитети, а последен во низата на такви потенцијал е Ленарт Карл.
Тинеџерот кој има само 17 години прерасна во стандарден првотимец на Баерн и веќе испиша историја како најмлад играч кој постигнал голови на три меча во низа во Лигата на шампиони, а бидејќи фудбалскиот раст во последните неколку месеци му е навистина стратосферски, Ленарт веќе привлекува огромно внимание во својата земја.
Со оглед на тоа што веќе се истакна како сензација која може да пишува историја во Баерн Минхен, сите во клубот се максимално претпазливи и веќе работат на негов договор, но од друга страна, треба да бидат свесни и запознаени со сонот кој го има офанзивниот фудбалер.
Пред извесно време се појавија слики на социјалните мрежи на кој Карл е прикажан во дрес на Реал Мадрид уште од најрана возраст, па сега и самиот призна дека еден ден сака да го облече белиот дрес на „кралевите“, желба која претходно јавно во повеќе наврати ја искажуваше и Килијан Мбапе.
– Баерн Минхен е голем, многу голем клуб и сон е за мене што играм тука. Но, еден ден дефинтивно сакам да потпишам за Реал Мадрид. Тоа е клубот на моите соништа, но оваа информација нека остане меѓу нас…. Во овој момент Баерн е нешто специјално за мене и многу се забавувам во мојот клуб, – изјави искрениот Карл.





