Венецуела оддаде почит на Кубанците загинати во американски напад

Макфакс

05/01/2026

10:12

253

Големина на фонт

а а а

Венецуела оддаде почит на 32 кубански државјани кои загинале во американски напад, наведувајќи дека тие ги дале своите животи извршувајќи ја својата должност. Овој инцидент би можел да го означи првиот директен борбен судир меѓу Куба и Соединетите Американски Држави во последните неколку децении.

Ова персонал дејствуваше во рамките на соработка меѓу суверени држави и извршуваше задачи на институционална заштита и одбрана. Нивното дејствување се одликуваше со храброст, дисциплина и непоколеблива посветеност на мирот и регионалната стабилност“, се наведува во соопштението.

Владата во Каракас упати и братска прегратка до Кубанските револуционерни вооружени сили и до семејствата на загинатите борци, чија жртва ги зајакнува историските врски на братство, суверенитет и заедничка борба меѓу нашите народи, се додава во соопштението.

Претходно се огласи и кубанската влада, која потврди дека нејзини државјани загинале во борбени дејства, извршувајќи мисии во име на Револуционерните вооружени сили и Министерството за внатрешни работи, на барање на колегите од јужноамериканската земја