[ФОТО] Омилената комичарка и водителка сите ги изненадила со изгледот: Обожавателите загрижени поради нејзиното слабеење

Точка

02/01/2026

15:00

726

Големина на фонт

а а а

Една година откако САД ги заменила со Англија, омилената водителка и комичарка Елен Деџенерес повторно била забележана во Америка.

Нејзиното излегување од домот во Монтесито со сопругата Порша де Роси предизвикало реакции и загриженост бидејќи, изгледала забележливо послабо, па така се појавиле гласини за нејзиното драматично слабеење, пишува „Daily Mail“.

Враќањето на парот ги изненадило обожавателите, бидејќи се преселиле во Велика Британија пред само една година за да ги избегнат, како што ги нарекле, „опасностите“ на Америка под Трамп. Неодамна се појавија информации дека празничниот период би можеле да го поминат со семејството и пријателите во САД.


Инаку Деџенерес повторно ја вратила својата препознатлива кратка руса коса, но вниманието го привлекла нејзината фигура, а обожавателите се загрижиле за нејзиното здравје.


Секогаш едноставна, 67-годишната водителка носела сива блуза со принт под темносино сако и класични фармерки. Нејзината сопруга исто така била лежерно облечена во крем џемпер и широки сини фармерки.