Грчкиот специјалитет спанакопита (σπανακόπιτα) без кора со спанаќ направена само со неколку состојки може да биде идеален избор за лесен ручек.
Благодарение на комбинацијата од сирења, путер и јајца, структурата на оваа пита останува сочна, а вкусот е богат и полн. Комбинацијата од спанаќ, фета сирење, моцарела и путер ќе ѝ даде на питата препознатлива грчка арома што ќе направи целиот дом да мириса превкусно.
Потребни состојки:
• 2 лажици маслиново масло;
• 290 гр спанаќ;
• 130 гр брашно;
• 1 лажица прашок за печиво;
• 1 лажица сол;
• 250 мл млеко;
• 2 јајца;

• 60 гр маргарин;
• 120 гр моцарела;
• 120 гр фета сирење;
• 2 лажици пармезан;
• Сол;
• Бибер.
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Загрејте го маслиновото масло во тава, потоа додадете го сечканиот спанаќ и додадете сол и бибер по вкус. Префрлете ја смесата во цедалка и исушете ја со хартиени крпи. Во голем сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта, потоа додадете го млекото, јајцата, растопениот путер и измешајте. Додадете го спанаќот, ренданата моцарела и издробеното фета сирење во смесата. Добро измешајте ја смесата и истурете ја во плех обложен со хартија за печење или намастен со маслиново масло, а потоа наросете со рендан пармезан.
Печете околу 40-45 минути во добро загреана рерна, потоа извадете ја да се олади најмалку 15 минути пред да исечете на коцки.




